17 првачиња годинава во општина Новаци
Новата учебна година започнува за две недели а општина Новаци веќе привршува со последните подготовки за спремен дочекот на учениците. Оваа година во прво одделение се запишале 17 ученици што е за девет помалку од минатата година.
„ Учебната 2018/2019 година во општина Новаци се запишале 17 ученици и тоа од 9 Новаци, 4 од Добромири, 1 од Рапеш, 1 од Агларци и 2 од Живојно. Новина годинава е тоа што на сите првачиња општина Новаци ќе им додели еднократна парична помош во висина од 4000 денари. “ рече Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.
Минатата година во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ школувањето за прв пат го започнале 26 првачиња. Вкупниот број на ученици годинава изнесува .
0 Comments