Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Посета на Sakaria Melek Ботаничката градина

Sakaria Melek Ботаничката градина основана од општината работи веќе две години и произведува етерични масла од лаванда, масло од црно семе, мајчина душица, лен, ЦБД масло од канабис, разни кремови, сапуни, чаеви, семиња и колонски води од нане, ружа и сл.

,,Ние ги произведуваме сите овие производи, ги паковање а имаме и сопствени машини за цедење на семињата и добивање на етерични масла. Одгледуваме 13 различни култури на 100 хектари. Оваа сезона планираме да засадиме 400 000 садници со оригано, акација, ловоров лист, лаванда, лен и коноп. 90% од нашето производството е наменето за извоз на суровина претежно во Германија а имаме договорен пласман за 10 години унапред” рече Абдулчебар Оздемир, раководотел на Сакариа Мелек ботаничката градина.

Заинтересирани се за Општина Новаци и за потенцијалите што ги нуди како рурална земјоделска општина за идна соработка и пренесување на искуствата од овај нивни проект. ,,Прекрасна идеја на градоначалникот Екрем Јуче кој е агроном по професија исто како и јас кој за само 2 години ја преточил во реалност. Од сето ова направил еден затворен процес до финален производ. Ова што го видовме како проект за мене претставува интересен момент кој мислам дека може да се направи и кај нас видоизменет и прилагоден на наши услови и тоа да делува едукативно и поттикнувачки кај младите луѓе кои во иднина ќе се занимаваат со земјоделство а ќе се стремат своето производство да го заокружат со финален производ со што би постигнале додадена вредност. Мислам дека во иднина ќе оствариме и заедничка соработка за искористување на нивните искуства и помош.” – рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Стевановски за време на посетата на Сакариа Адапазари ја посети и фабриката за органски ѓубрива Solomcan која постои 9 години а своите природни органски ѓубрива и минерали главно ги извезува во земјите од Африка и Азија. Сопственикот на фабриката Ахмед Недану изрази интерес за во блиска иднина дел од своето производство да го усмери токму кај нас во Македонија од каде би ги освојувал пазарите во Европа. Органските ѓубрива ги произведува во процес на природно разградување на растителните остатоци од разни земјоделски култури.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published.

Back to top
Skip to content