Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Посета на центар за управувзање со кризи во Беледиуеси, Сакариа Бујуксекир, Р.Турција

Општина Новаци и турската Општина Беледиуеси можеби имаат многу разлики но сепак она што ги поврзува е обработливата почва, земјоделието и можностите за производство на храна, ароматични растенија, украсни растенија за хортикултурно уредување и др.

,,Денес остваривме посета на Центарот за управување со кризи во Беледиуеси, Сакариа Бујуксекир каде генералниот секретар ни ја претстави општината и што се таа направила за локалното население. Интересно е тоа што општината за да обезбеди нови вработувања со општински средства започнала земјоделско производство до пласирање на финален производ. Ова беше многу поучно и како идеја доста корисна за нас за да можеме да ја искористиме и прилагодиме во наши услови”, рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Општина Беледиуеси воспоставила соработка со Универзитетот за постојано усовршување на стручниот кадар и работната сила согласно потребите на пазарот. ,,Општина Новаци е можеби мала, но како што гледам има големо срце. Ние сме голема општина со одлична инфраструктура, поврзаност, важен земјоделски центар. На наша територија стопанисуваат едни од најголемите фирми во автомобилската индустрија Тојота И Хјундаи. Но вложуваме многу во развој на земјоделството затоа направивме 2 компании со кои реализиравме 22 проекти и произведуваме земјоделски производи без почва, со хидропонија, оранжериско производство” – рече Бедрулах Екчин, генерален секретар на Центарот за управување со кризи. Земјоделските компании направени од општината произведуваат домати, рузмарин, лаванда, печурки, мед, шафран и салеп. Производите ги продаваат во сопствени продавници извезуваат суровини во Германија и имаат обезбеден пласман во странство за наредните 10 години. Двете општини, во иднина ќе соработуваат и на меѓународни проекти од програмата Хоризон 2020, Town Twinning, CBC, Балкан Мед и други.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published.

Back to top
Skip to content