Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Отворен„ Фестивалот на жетвата“ Новаци 2022

Во присутво на бројни гости,локални жители,  четириесеттина изложувачи  од кои седум најголеми фирми за земјоделска механизација во Република Македонија и десеттина изложувачи на семенски материјал и вештачки ѓубрива, изложувачи на традиционална храна, мед, ракотвориби и сл. Беше отворен првиот „Фестивал на жетвата“ во Општина Новаци.

„ Нема поголема радост за земјоделецот, од тоа кога ги жнее плодовите од својот труд. А особено, кога годината е родна и жетвата е богата, тоа  е најдобра награда за вложениот труд. Целиот труд, посветено време и љубов со која полјоделците ги обдаруваат своите житни полиња, се враќаат назад кон нив и тоа како благослов, преку жетвата. Во климатски услови какви што ги имаме, а особено во Пелагонија, нашата најголема житница, житните култури одлично успеваат на овие простори. “ рече градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.

„Фестивалот на жетвата“ е манифестација која за прв пат се одржува во Општина Новаци, како рурална општина каде се наоѓаат најголемите производители на храна во нашата држава. Со оваа манифестација се врши афирмација на Општина Новаци и нејзините ресурси како многу важна алка која придонесува за производство на храна и развој на економијата во државата во услови на светска криза.

„ Од исклучителна важност е домашното производство на храна, кое ќе овозможи достапност на потребните производи по најповолни цени.Од фундаментално значење е да се даде сериозна поддршка на домашното производство на житарици, како стратешки прехранбени производи. Прогнозите и очекувањата за наредниот период не се воопшто позитивни, затоа е важно да се свртиме и да му дадеме значење на производството на храна за што имаме одлични предиспозиции. “ рече Стевановски.

Со организирањето на „Фестивалот на жтвата“ ќе се постигне целосно информирање за важноста од сопственото земјоделско производство, вложувањето во овие ресурси со кои изобилува Пелагонија,  важноста од сопственото производство на храна и независноста од странските пазари, подигнувањето на свеста кај земјоделците за вложување во сопствените бизниси , презентирање на начините како тоа да го направат и кој е најлесниот пат да обезбедат средства и ресурси за зголемување на своите приноси и остварување на поголема конкурентност на сопственото производство.

Овој дводневен настан е поодржан од МЗШВ , Општина Новаци и бројни спонзори и донатори.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published.

Back to top
Skip to content