Отворен е традиционалниот седми по ред меморијален турнир во мал фудбал,, Пеце Матичевски”
Отворен е традиционалниот седми по ред меморијален турнир во мал фудбал,, Пеце Матичевски”.
На сите натпреварувачи им посакуваме пред се успешна игра, многу забава и дружење и нека победи најдобриот.

Пеце Матичевски е наш херој, роден во с.Новаци, на 22.08.1978 година. Како дел од резервниот состав на АРМ, Пеце беше учесник во воениот конфликт во 2001 година. На 5 Јуни 2001 година, кај патот Шипковица – Гајре, во заседа слична на Вејце, загинуваат 5 припадници на АРМ, меѓу кои и Пеце Матичевски. Постхумно, беше одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р.Македонија.
Нека му е вечна слава.
0 Comments