Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ОТВОРЕНО “КУЛТУРНО-ЗАБАВНО ЛЕТО НОВАЦИ 2021”

Со музичкото шоу “Имат-Немат” и настап на десетина естрадни уметници , синоќа беше означен стартот на 9-то издание на Културно-забавно Лето Новаци 2021, манифестација која традиционално се одржува во општина Новаци во организација на ПИКСИ СТУДИО а во покровителство на локалната самоуправа и градоначалникот Љубе Кузманоски.Градоначалникот Кузманоски со пригоден говор официјално го прогласи Културно-забавно Лето Новаци 2021 за отворено .При своето обраќање градоначалникот го истакна значењето на една ваква манифестација која значи не само збогатување на културно забавниот живот на сите генерации на граѓани туку и збогатување на туристичката понуда на о. Новаци што ќе придонесе за рамномерен локален културен развој.Отворањето го проследија околу 400 посетители од сите каришта од пелагонискиот регион .На музичкото шоу ИМАТ –НЕМАТ настапија 10 -тина есдрадни уметници меѓу кои неповторливата Анета Мицевска –Молика, Борче Наумовски, Група Маестрал, Ташко Каранфиловски, Дани-Даниела, Зоран Далчевски, Гордана Костоска , Ангел Стојкоски, Лени Партикова, Роберт Ристески.Водител на емисијата беше популарниот Жанко Голабоски.Снимен е материјал со песни за 2 емисии на ИН-ТВ Продукција , ТВ-сонце и 25 регионални телевизии.Премиера на емисијата е во сабота 24.07.2021 на youtube каналот на ИН-ТВ Продукција и во недела на 25.07.2021 на ТВ-Сонце во 21ч.Во претстојниот летен период во месец Јули и Август општина Новаци ќе доживее вистинска културна експанзија со културни настани во повеќе населени места дури во поодалечените населени места од централното подрачје .Следен настан од програмата на Културно лето е музичкиот концерт –“Мариово во срце те носам” со популарната Сузана Гавазова во дворот на манастир СВ.Атанасиј во с.Старавина со почеток во 21ч.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top