Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

„Отворени денови на Катастар“ во општина Новаци

13173465_1201619406528622_5855819017344237971_o

По барање на жителите на  Новаци , локалната самоуправа побара да се организира  акцијата “Отворени денови на Катастар“ која денеска се одвиваше во оваа рурална општина во Пелагонија.

Најголем проблем за граѓаните е создаден во 2005 година, кога од страна на ангажираната геодетска компанија биле премерени објектите, но не и парцелите. Со тоа, настанале поместувања во недвижниот имот и сега актуелниот премер што важи во Новаци е од далечната 1967 година.

 

-Проблем жителите на Новаци имаат со катастарскиот препер од 2005 година, се надевам дека на денешната средба ќе се изнајде решение. Овие отворени денови ги реализираме на барање на жителите од Новаци. Новачани пред надлежните ги кажаа проблемите околу легализација на своите објекти, на Отворениот ден на Катастарот во општината. Катастарски премер од 2005 за нив најголем проблем.- изјави Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци

Отворените денови во општина Новаци се реализираа на барање на жителите.

-Премер се вршеше на цело село и со тој премер на таа геодетска агенција, имаат тргнато погрешна кота и ни направи поместување на граничните места. Катастарот тоа го тврди- рече  Александар Угревски, жител на Новаци.

11259585_1201618986528664_1585848743029975660_o

Стручните тимови за катастар, овој проблем го имаат детектирано од порано и денеска на новачани им потврдија дека ќе биде решен со измени на законската регулатива и нов премер на парцелите, веднаш штом биде формирана новата Влада.

 

-Вакви ситуации како што се овде во Новаци, исто така имаме ширум Република Македонија. Имаме во кумановско, скопско и на други места. Анализирајќи ја целата оваа работа како Агенција за катастар и недвижнсоти, дојдовме до заклучок дека е неопходно да се преземат законски измени, со цел, да се изменат овие работи- рече Славче Трпески, директор на Агенцијата за катастар и недвижности на РМ.

 

Катастарска кампања трае осум години и поминати се сите поголеми општини во Државата, а сега  се реализира во руралните општини. Ова е најбитната акција за реформите во катастарот што се спроведени во последните десет години, благодарение на директниот контакт со граѓаните и осознавање на проблемите, велат првите луѓе на Агенцијата за катастар и недвижности.

 

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top