Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци ќе реализира 7 проекти со парите од Министерството за животна средина

Владата донесе одлука, Министерството за животна средина да распредели 38.744.498 денари, по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива, како наменски дотации на неколку општини од земјава. Меѓу нив, од овој регион се Битола, Новаци и Могила. Општина Новаци доби 5 154 590 денари , средства со кои како што рече градоначалникот Кузманоски ќе  реализираат 7 проекти во различни населени места во Општината.

„ Минатата година поради пандемија тие средства беа пренаменети во Буџетот, каде што беше формирана централна сметка каде што помагавме сите за побрзо надминување на кризата, меѓутоа оваа година овие средства ги добивме. Со овие средства и со Буџет на општина Новаци од 955 410 денари, вкупно некаде околу 6 милиони денари ние сакаме оваа година 7 проекти во различни населени места да ги исфинансираме. Се работи за изградба на тротоари во Далбеговци, изградба на тротоари во Долно Агларци, изградба на атмосферска канализација во Горно Агларци, изградба на пешачка патека во Старавина, партерно уредување во Живојно, изградба на тротоари во Градешница и изградба на брана во Брод. Ова е наш предлог на Советот на Општина Новаци за што сакаме да ги намениме средствата. Во моментов очекуваме согласност од Министерството за животна средина и доколку е се во ред, ќе потпишиме договор и ќе пристапиме кон реализација“, рече градоначаланикот на Општина Новаци Љубе Кузманоски.

Доколку Министерството ги одобри проектите, општината ќе почне со реализација на истите оваа градежна сезона, рече Куманоски.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top