Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци со нов проект во Општинско корисна работа 2016

 20-moja-opstina

Општина Новаци и годинава ќе се вклучи со своја апликација за проект во рамките на отворениот повик во програмата Општинско корисна работа 2016.

Заинтересираните житрели на општина Новаци кои сакаат да бидат вклучени во оваа програма или пак сакаат да изберат со каков вид на проект да работи општина Новаци своето мислење преку еден вид на гласање можат да го направат на веб сајтот www.moja-opstina.mk.

Во рамките на програмата на УНДП и АВРМ „Општинско-корисна работа 2016 повторно е активна веб алатката Моја Општина со која се дефинираат приоритетите од социјалната сфера во Општина со помош на самите жители од општината.

На многу едноставен начин сите заинтересирани жители ќе можат да го изразат своето мислење, а со тоа да дадат свој придонес кон креирање на соодветен проект од социјалната сфера во општината.

Кликнете на сликчето за да ја отворите алатката „Моја општина“.

Општина НОваци веќе три години успешно реализира преокти од оваа програма. Првиот пат работеше проект за описменување на македонски ајзик на жените албанки кои заради брачен статус живеат во општина Новаци, потоа следната година го реализираше проектот за едукација на ученици од претшколска возраст „ Растеме и учиме заедно “ за следнаат година да аплицира и да го добие продолжението на овој проект „ Растеме и учиме заедно 2“.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top