Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ОПШТИНА НОВАЦИ ОБЕЗБЕДИ ТАБЛЕТИ ЗА ЧЕТВРТООДДЕЛЕНЦИТЕ

На иницијатива на градоначалникот Стевче Стевановски  и  Советот на Општина Новаци, како минатата така и оваа година, набавени се 24 таблети за децата од четврто одделение при ОУ „Славко Лумбарковски“ со цел непречено следење на наставата по новата програма концепција за основно образование, која за прв пат се воведе минатата година.

„Бидејќи минатата година набавивме таблети за четвртоодделенците на барање на родителите, го направивме истото и оваа година за 24 ученици во ЦОУ Славко Лумабарковски. Мојата заложба за вложување во децата и во нивното образование ќе продолжи и понатаму се разбира во можностите на Општина Новаци. “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Оваа програма беше усвоена минатата година најпрво за прво и четврто одделение а планот на Министерството за образование е реформата да се спроведе етапно и во другите одделенија од основното образование.

„Врвен интерес е да се подигне квалитетот на образованието за да одговори на предизвиците на новото време зашто пандемијата покажа колку е важен капацитетот на образовниот систем да се менува, приспособува и осовременува. За подготовка на следната генерација за новото време потребна е дигитализаци на образованиот систем со која ќе се дефинира современата наставата со примена на средставата за електронска комуникација. “ рече Вецко Стојчевски, директор на ОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци.

Минатата година таблети добија 14 ученици во четврто одделение.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published.

Back to top
Skip to content