Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци на Генерално собрание на АЛДА во Франција

DSCN5541

Двочлена делегација на општина Новаци во периодот 11-14 мај претстојуваше во Париз, Франција каде во Министерството за надворешни работи на Р.Франција се одржуваше Генерално собрание на интернационалната мрежа на организации АЛДА чиј член е и општина Новаци.

Собранието го отвори староновиот претседател Ориано Отокан и генералниот секретар на АЛДА Антонела Валморбида, а се обрати и Жан Клод Фрекон кој е претседател на Конгресот на локалните и регионални власти во Советот на Европа.

DSCN5530

На Генералното собрание беа присутни над 200 членови на АЛДА , при што се  бираа од кандидираните 16 лица, 12 членови на Управниот одбор како и избор на претседател.

На состанокот беше презентирана досегашната работа на организацијата која постои повеќе од 15 години за да прерасне во интернационална мрежа со буџет од околу 5 милиони евра на годишно ниво.

Вториот ден од генералното собрание беше претставена платформата AFCCRE, проектите на АЛДА во Еразмус плус програмата, LADDER проектот, беа презентирани идните планови и активности.

АЛДА – Европската асоцијација  за локална демократија  е организација  која е посветена  на промоција на доброто владеење и граѓанско учество на локално ниво. Постои од 1999 година а денес брои над 200 активни членови. Присутна е во 40 земји во светот со 11 канцеларии од кои една е во Скопје со која општина Новаци го спроведува проектот „ Валоризација на културното наследство од Прва светска војна на територијата на општина Новаци“ од Програмата за децентрализирана соработка Македонија – Нормандија. Се планира отворање  на нови три канцеларии.  Директна корист од проектите и работењето на АЛДА  имаат околу 25 милиони луѓе ширум светот.

 

Back to top
Skip to content