Општина Новаци им подари новогодишни пакетчиња на 270 ученици ЦОУ Славко Лумбарковски Новаци
Во пресрет на новогодишните празници градоначалникот Љубе Кузманоски заедно со директорот на ЦОУ Славко Лумбарковски Илче Соклевски денеска им поделија новогодишни пакетчиња на учениците од Централното училиште во Новаци.

“Општината обезбеди над 270 новогодишни пакетчиња за сите ученици од основните училишта во општина Новаци како и за деца од ранлива категорија . Празниците што доаѓаат се одлична можност за остварување на многу детски желби .Ние како локална самоуправа во соработка со директорот на централното основно училиште Славко Лумбарковски придонесовме со скромни новогодишни пакетчиња да ги израдуваме сите ученици .Во новата 2019 година она што е наша обврска како локална самоуправа е да ја продлабочиме соработката со основните училишта , каде заеднички ќе работиме на многу проекти со цел подобрување на воспитно-образовниот процес во сите училишта.”- рече Љувбе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.
Локалната самоуправа обезбеди новогодишни пакетчиња за сите ученици од 8-те подрачни училишта.
0 Comments