Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ОПШТИНА НОВАЦИ ЗАПОЧНА СО ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ НА ДИВИ ДЕПОНИИ

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Општина Новаци заедно со ЈКП “Комунална Хигиена” од Новаци започнаа со пролетна акција за чистење на дивите и времените депонии во Новаци и во други населени места .

Ваквите депонии се создадени со цел месното население да го одлага комуналниот смет и градежен шут на едно собирно место со цел да не се создаваат помали диви депонии на несодветни места .

Градоначалникот Кузманоски од на терен упати апел до граѓаните на општина Новаци за совесно однесување кон еднаш исчистените депонии и подигнување на јавната свест за несовесното постапување со отпадот , бидејќи заштитата на животната средина во голема мера зависи од сите нас преку правилен однос и постапување со отпадот.

Акцијата на чистење на дивите депонии ќе придонесе за поголемо ниво на јавна чистота што во моменталната ситуација во борбата со kоронавирусот ќе придинесе за намалување на ризикот од ширење на истиот .

Паралено на денешната акција за чистење на дивите депонии , екипи од ЈКП “Комунална Хигиена” продолжија со активните мерки за превенција од коронавирусот , со миење на локалните улици , дезинфекција на јавни површини и објекти .

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top