Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци ги пренамени средствата за новогодишно украсување за добротворни цели

                       Дел од средствата наменети за новогодишно украсување ќе бидат пренаменети за добротворни цели за социјално загрозени семејства и жители на Општина Новаци. Ова беше одлучено денеска на седницата на Советот на Општина Новаци по предлог на градоначалникот Стевче Стевановски.

            Советот на Општина Новаци донесе одлука за набавка на таблети за 14 деца од четвртто одделение кои работат и следат настава според Концепција за основно образование преку електронски учебници. Долг период родителите реагираа и даваа забелешки дека нивните деца немаат услови и апарати за следење на наставната содржина. Со цел да им се излези во пресрет на учениците и родителите денеска се одобрија 105.000 денари од Буџетот на општината за оваа намена.

Советните на денешната седница ја  разгледаа и усвоија измената во програмата  за животна средина за 2021 година и правилникот за субвенционирање на домаќинствата во Општина Новаци за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди, како и неколку планови и развојни програми.

            На денешната седница на Совет беа избрани претседател и членови на Комисијата за урбанизам,комунални дејности и заштита на животната средина, Комисија за општествени дејности, Комисија за статут и прописи, за локална самоуправа и за еднакви можности на жените и мажите. Исто така беа назначени  претставник од Советот за член на Комитетот на Советите во ЗЕЛС и разрешен стариот претставник од Советот на Општина Новаци во училишниот одбор на ОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци.

            На денешниот дневен ред советниците го разгледаа годишниот извештај за следење на реализацијата на договорот за ЈПП за 2020 година за уличното осветлување, беше донесена предлог одлука за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичка планска документација за КО Будимирци, предлог измени на годишен план за јавни набавки , предлог одлука за зимско одржување на проодноста на општинските патишта и улици на територијата на Општина Новаци сезона 21/22, пренамена на средства од Буџетот на општина Новаци за 2021 година и предлог одлука за одобрување на средства за одбележување на Новата 2022 година, Божиќните празници и Богојавление Водици.

Советот на Општина Новаци донесе одлука за одобрување и склучување на договор помеѓу општината и ЈКП „ Комунална хигиена“ за зимско одржување на локалните патишта и улици за периодот 2021/2022 година, одлука за определување на членови на Советот на Општината за учество при склучување на бракови на територијата на општината.

На денешната седница на дневен ред се разгледаа и барањата од МЗ Живојно за одобрување на прехрамбени производи на семејството Ристевски  како и барањето од Здружението на жени „ Силата на бабата “ за одобрување средства за учество во емисијата „Везилка“ на Алфа ТВ со Адријана Алачки.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top