Општина Новаци воведува субвенции за купен велосипед
На последната седница на советот на општина Новаци беше донесена одлука за субвенционирање на граѓаните кои ќе купат велосипед. Како што вели градоначалникот Лазар Котевски, единствен услов е да се биде жител на оваа општина.
„Процедурата е следна треба да се одбере местото од каде што ќе го купувате велосипедот, општината плаќа до 4000 денари, а разликата е на товар на купувачот. За оваа акција „Субвенција за велосипед“ , во буџетот на општина Новаци се проектирани 400.000 денари или 6700 евра, односно можност за 100 жители да добијат субвенции.“ рече Лазар Котевски, градоначалник.
Заинтересираните треба да достават: барање за субвенционирање за купен производ, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед.
Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на општина Новаци. Правото на субвенција е еднократно.Ова е прва година по ред како се спроведува овој проект, а интересот за субвенции е многу голем.