Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ОДБЕЛЕЖАНА ДЕТСКАТА НЕДЕЛА СО СВЕЧЕН ПРИЕМ НА ПРВАЧИЊАТА ВО ДЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА

Денес со свечен прием на првачињата во Детската организација, ООУ “Славко Лумбарковски” ја одбележа Детската недела .
Сојузот за грижи и воспитување на децата во соработка со Министерството за труд и социјална политика , секоја година , веќе неколку децении е носител на активностите поврзани со ДЕТСКАТА НЕДЕЛА во РС Македонија , која се одбележува во сите држави членки на ООН во првата половина од месецот октомври.

Во текот на целата недела учениците од OОУ “Славко Лумбарковски” имаја повеќе активности со цел одбележување на Детската недела .

А денес 10.10.2019 година , на ден пред големиот државен празник 11 Oктомври беше организиран и свечен прием на првачињата во Детската организација каде при културно уметничката програма дадоа свечено ветување и положија свежо цвеќе пред бистата на народниот херој Славко Лумбарковски .

На овој настан присуствуваше и градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски кој ги поздрави сите ученици поготово најмалите, првачињата, честитајќи им го приемот во Детската организација .

“На сите првачиња им го честитам приемот во Детската организација.Тие се нашата гордост , нашата радост и нашата иднина .Сите деца се еднакви и имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и грижа , да им се обезбеди квалитетен и ефикасен образовен систем и да им се овозможат еднакви можности ” истакна градоначалникот Кузманоски.

 

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content