Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ОБЕЗБЕДЕНИ 25 ИНВЕРТЕР КЛИМИ ЗА ПОДРАЧНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Согласно јавниот повик објавен од Влада на Република Северна Македонија-Генерален секретаријат, по програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година, за општина Новаци обезбедени се 25 високо квалитетни инвертер клими наменети за подрачните училишта со цел замена на печките на дрва со ефикасен начин на загревање.

Целта е намалување на аеро загадувањето предизвикано од нееколошки начин на загревање, односно замена на старите печки на дрва со високо квалитетни инвертер клими.

Финансиската поддршка во висина од 1.200.000 денари е обезбедена од Влада на Република Северна Македонија и со неа опфатена е инсталација на инвертер клими во училишните простори во неколку подрачни училишта .

Back to top