Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

НОВ АСФАЛТ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ДАЛБЕГОВЦИ,ОПШТИНА НОВАЦИ

Градоначалникот  Стевче Стевановски  со дел од советниците оствари средба со жителите на село Далбеговци со цел да ги информира за спроведените проекти на општината во ова населено место во Општина Новаци.

„ По барање на жителите од село Далбеговци асфалтиравме улица во должина од 300 метри која беше целосно оштетена согласно Програмата за асфалтирање на локални патишта и улици за 2022 година а до крајот на градежната сезона ќе го реконструираме и адаптираме веќе постоечки објект во капела. До крајот на оваа година во Далбеговци ќе бидат поставени и нови тротоари во должина од 160 метри, средства кои се добиени од Министерство за животна средина од Програмата за фосилни горива .“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Некои од барањата кои вечерва ги слушнавме се поврзани со редовно одржување на уличното осветлување, косење на тревните површини и одржување на јавната чистота, сервисирање на осветлувањето во паркот, чистење на бетонскиот канал, изградба на настрешница на објектот на продавницата и сл., рече Стевановски

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published.

Back to top
Skip to content