Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

НОВОГОДИШНА ПРИРЕДБА И ДЕДО МРАЗ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ “БАМБИ” ВО НОВАЦИ

Со новогодишна приредба организирана од Центарот за ран детски развој “Бамби” од Новаци се означи стартот на Новогодишните и Божиќните празнувања.На изненадување на дечињата, Дедо Мраз им подели пригодни пакетчиња обезбедени од локалната самоуправа.

Градоначалникот Љубе Кузманоски на дечињата и персоналот од ценатрот им посакува многу радосни и убави моменти во новата година .

“Нема поубаво нешто од чисти , искрени и радосни насмевки кои блескаат на детските лица. Како локална самоуправа обезбедивме новогодишни пакетчиња за сите ученици од Централното училиште и 8–те подрачни училишта , како и новогодишни поклони за дечињата од Центарот за дневен престој . Водиме грижа и за социјалните семејства за кои обезбедивме исто новогодишни пакети.Општината и во новата година ќе продолжи со реализација на многу проекти со цел подобрување на условите и унапредување на образовниот систем во училиштата .Веќе во новата година и тоа за многу брзо Центарот за ран детски развој ќе прерасне во градинка со целодневен престој со многу подобри услови , поголем капацитет и персонал кој ќе обезбеди подобра грижа и услуга .”-истакнува градоначалникот Кузманоски

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top