Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Многубројни активности за Денот на Општина Новаци и 61 година од постоење на ЦОУ „Славко Лумбарковски“

Денеска ЦОУ ,, Славко Лумбарковски ” Новаци слави 61 година постоење, успешно функционирање и спроведување на образовниот процес во Општина Новаци. Покрај многубројните активности чествувањето започна со полагање на цвеќе на бистата на народниот херој по кој го носи името ова училиште. Почит одадоа претставници од општина, Советот на  општина Новаци, училиштето и дечињата. По повод патрониот празник на училиштето присуствував на прекрасната свечена приредба приготвена од вредните ученици и нивните наставници. Сакам да истакнам дека Општина Новаци секогаш ги поддржува и тоа ќе го прави и понатаму затоа што во младите е иднината. Секој успех на нашите ученици е и наш успех. Нека е честит патрониот празник на нашето централно училиште  “Славко Лумбарковски” Новаци. 

По повод  патрониот празник на ЦОУ “Славко Лумбарковски” Новаци денеска присуствував на спортските игри и натпревари организирани како дел од свечената програма за одбележување на празникот на училиштето. Во буџетот на Општина Новаци за 2022 година предвидовме средства за награди за млади и талентирани спортисти кои ќе освојат награди и ќе бидат спортски амбасадори на нашата општина.

Во склоп на чествувањето на 26 години постоење на Општина Новаци денеска положивме цвеќе на гробот на нашиот сограѓанин Пеце Матичевски, кој својот живот го даде на браникот на татковината во конфликтото во 2001 година.Вечна му слава! 

Во нашата општина по повод нашиот роденден денеска на мое огромно задоволство гости ни беа нашите најмлади и најмили жители, дечињата од ДГ ,, Бамби” од Новаци.  Ние како добри домаќини ги дарувавме со пригодна ужинка а тие нас ни измамија многу среќа и насмевки и ни направија мала приредба со детски песнички и изведби.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content