Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Младите од Општина Новаци на средба со градоначалникот Стевановски

Акции за чистење и пошумување, организирање на обуки за младински активизам , аплицирање на проекти од странски донатори, спортски настани и слично се само дел од активностите кои младите од Општина Новаци му ги предложија на градоначалникот на Општина Новаци на денешната средба.

„ Mладите се центарот на случувањата, јадро за развој и напредок на сите развиени држави. Младите се тие кои со својата енергија работат по неколку работи истовремено отвораат startup бизниси и помагаат на државата да креира раст и да ги зголеми приходите во државната каса. На тој начин сами си ја креираат иднината на својата држава и ги обезбедуваат своите пензионерски денови.Токму затоа институциите мора да почнат да ги гледаат младите како важни фактори во рамките на општествените процеси и креирањето на политики. Денеска со младите од Општина Новаци разговаравме за начинот на нивно делување, формирање на младински центар во општината како и конституирање на нов совет на млади затоа што на веќе постоечкиот му е веќе истечен мандатот. Во следниот период ќе ги следиме сите законски процедури за овие две работи да бидат реализирани. “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Сите овие активности кои ќе ги организриаат младите под закрила на Општина Новаци се само еден мал дел од мозаикот за нивно оформување како одговорна и возрасна личност.На тој начин  тие се учат на тимска работа, самодисциплина, лидерство, толеранција, работни навики, несебичност, фер плеј и спортски карактер.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content