Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Младинскиот клуб во Гермијан пуштен во, употреба 

Руинираниот објект во с. Гермијан е целосно реконструиран и обновен и денеска беше свечено пуштен во употреба во присуство на млсдите и жителите на село Гермијан. 

,, На барање на младите и на жителите на село Гермијан целосно го реконструиравме стариот распаднат  и руиниран објект. Комплетно го исчистивме стариот објект, ги реновиравме ѕидовите, ја заменивме старата со нова ПВЦ дограма и внатрешно го уредивме со кујна, шанк и останат потребен мебел” рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци. 

Реновирањето на ентериерот на Младинскиот клуб во Гермијан изнесува 443. 487,50  денари + ДДВ, средства обезбедени од буџетот на Општина Новаци. 

n

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published.

Back to top
Skip to content