министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во посета на Општина Новаци
Денес остварив средба со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, со кој разговаравме за предизвиците кои треба заеднички да ги решаваме за уредување и решавање на проблемите со загадувањето, животната средина и регулирање на комуналниот отпад, а со цел приближување кон регулативите и законодавството на ЕУ.
Начелно разговаравме за проектирање и изградба на нова патна делница од Битола до депонијата Мегленци која ќе значи растеретување на сообраќајот со тешки товарни возила низ населените места на нашата општина.
0 Comments