ЛУПД и Стратегиска оцена за изградба на ловен дом со пратечки содржини во с. Будимирци
Во просториите на општина Новаци денеска се организираше јавен увид и расправа за Нацрт Извештајот за стратегиска оцена за влијанието врз животната средина по нацрт извештај за статегиска оцена на ЛУПД за изградба на ловен дом со пратечки содржини на дел од КП бр.1372,1750 и 2109 во КО Будимирци.
Ловниот дом со пропратни содржини ќе се гради на ловиштето бр. 4 „Ниџе“ с.Будимирци, општина Новаци со вкупна површина на планскиот опфат од 3 хектари. Заинтересираниот инвеститор има склучено договор за концесија бр.51-4483/1 од 27.07.2010 година со Влада на РМ.

Извештајот за стратегиска оцена за влијанието врз животната средина ќе биде изложен во општина Новаци – Одделение за комунални дејности, сообраќај, урбанизам , заштита на животната средина и локален економски развој секој работен ден од 08 до 15 часот во периодот од 11.02. до 11.03.2016 година. Исто така дополнителни информации и увид на документот може да се направи и по електронски пат со посета на веб страната на општината www.opstinanovaci.gov.mk.
Сите заинтересирани, правни и физички лица, во текот на 30 дена можат да достават мислења во врска со Извештајот за стратегиска оцена за влијанието врз животната средина и тоа во писмена форма до архивата на општина Новаци.
Извештајот за стратегиска оцена за влијанието врз животната средина се прави со цел да се анализираат влијанијата, превенција и идентификување на можните проблеми, рационализација на трошоците и оптимален избор на мерките за заштита на животната средина.