Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Краток филм за “Уметникот од фронтот”

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Во општинската сала во Новаци се одржа историска работилница со учениците од 8 одделение од ЦОУ “Славко Лумбарковски” .

На работилницата се презентираше краток филм од 23 минути со наслов “Уметникот од фронтот” со кој учениците се запознаа со приказната за уметникот Етјен Андре Валентин кој сликал за време на Солунскиот фронт кој се одвивал во минатото на територија на општина Новаци .

Уметниот од фронтот- Етјен Андре Валентин (1893 – 1940 година) бил француски сликар роден во Бретања. Потекнува од француско уметничко сликарско семејство. Во ноември 1913 година бил регрутиран и транспортиран за Македонија каде останал до 1919 година. Овој сликар правел цртежи најчесто со молив а ретко користел и пастелни бои а ги сликал војниците и нивниот живот во рововите и фронтот, секојдневниот живот на населението, смирението на пелагониската рамнина, улиците во Битола, црквичките и кукичките во селата Мегленци, Брод и Бач ,живописните носии на македонската жена и сл.

Преку овој краток филм се презентираше каков бил воениот живот, секојдневието и на војниците и на луѓето, пустошот кој зад себе го оставила војната на овие простори. Етјен Андре Валентин направил околу 130 цртежи за време на неговиот престој во Македонија во текот на Првата светска војна.

Работилницата е дел од проектот –“Мир и сеќавање, екологија и управување со отпад”,проект на кој веќе неколку години заеднички работат Општина Новаци , Општина Коломбел од Р.Франција,Алда , и Министерството за надворешни работи на Р.Франција.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content