КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК НА КРИЗНИОТ ШТАБ ЗА СОСТОЈБАТА СО ПОЖАРИТЕ НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА НОВАЦИ
Вечерва во општинската зграда во Новаци се одржа координативен состанок на кој се расправаше за алармантната состојба со пожарите во атарите на селата Рапеш и Маково како најзагрозени од настанатите пожари во овој регион.
На состанокот присуствуваа претставници од општина Новаци ,ЈКП Комунална Хигиена од Новаци ,ДЗС, ЦУК,ТПП од Битола ,Национални шуми,АВА КОТА како и службеници од ПС од Новаци .
Обезбедени се 50 луѓе кои во текот на утрешниот ден во раните утрински часови ќе излезат на терен .Од РЕК Битола излегуваат во пресрет со потешка механизација.
Поради сериозноста и карактерот на пожарите побарана е асистенција од хеликоптер за поинтензивно гасење на пожарот.
0 Comments