КОНЦЕРТ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ ВО С.ДОБРОМИРИ
Синоќа во рамки на Културно-забавното Лето Новаци 2019 во с.Добромири се одржа 8-от настан од програмата на Културното лето “Концерт на народни песни и игри” со Елена Јовческа и нејзиниот бенд и КУД “НОВАЦИ” од Новаци .
Посебен шмек на концертната вечер и даде изведбата со гајда со која Елена Јовческа на маестрален начин предизвика овации кај многубројната публика.
0 Comments