Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Концерт на групата „ Шарена“ од Полска во Културно лето Новаци 2017

Викендот во рамките на Културно лето Новаци 2017 се одржа концерт на групата „Шарена“ од Полска. Прекрасното време беше искористено од многубројната публика во дворот на општина Новаци кои уживаа во прекрасната публика на полските гости.

„Многу интересен настан кој наиде на голем интерес кај публиката во општина Новаци. Овогодинешното културно лето ќе има уште вакви настани , ќе следуваат и фолклорна вечер, етно концерт во градешница, Македонска етно свадба, работилница за деца во три села и слично. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Концертот на полските музичари на „Шарена“ од гледачите беше окарактеризиран како благопријатна музика со силна енергија  каде македонската песна и оро се  аранжирани со исклучителност и професионалност. Несекојдневно поврзување на полски и македонски музички елементи надополнети со ведри и пријателски насмевки

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top