Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Ке се ажурира даночната дата база на данок на имот

Денес во Општина Новаци претставници на УСАИД дел од проектот за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите,одржаа обука на работно место за администрацијата за тоа како треба да се ажурира даночната дата база на данок на имот,идентификување на недвижен имот, канцелариски подготовки,теренска проверка и пополнување на даночни пријави.

Целта на обуката е:

-Запознавање со Законот за данок на имот со посебен акцент на последните законски измени и Методологијата за утврдување на пазарната вредност на недвижен имотот

-Градење капацитети во општината за ефикасно спроведување на теренски активности за идентификација на недвижен имот и ажурирање на базата на податоци на недвижен имот преку:

– дефинирање чекори за спроведување на теренски активности за попис на недвижниот имот и ажурирање на даночната дата база

– основна практична обука на општинските тимови на попишувачи на недвижен имот

-Учесниците да подготват план за спроведување на теренски попис на недвижен имот

-Учесниците самостојно да пополнат даночна пријава за утврдување на данок на имот.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content