Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИНТЕРАКТИВНА ТАБЛА ЗА ДЕЦАТА ВО ОУ СЛАВКО ЛУМБАРКОВСКИ НОВАЦИ

Децата во ОУ „ Славко Лумбарковски “ од Новаци ќе имаат можност дел од наставната програма и содржина да ја следат на интерактивна или презентациска табла.Интерактивната табла, компјутерот и проекторот се донација од Француска алијанса oд Битола.

„ Голема благодарност до Француската алијанса од Битола кои ја донираа оваа интерактивна табла за децата од основното училиште Славко Лумбарковски во Новаци. Ова секако дека многу ќе значи во насока на подобрување на квалитетот на образованието , следење на наставната програма со користење на нова современа технологија. “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Интерактивните табли скоро секаде превземаат примат над останатите, слични производи. Работат на принцип на интерактивна индукција, со издржлива структура, висок квалитет и стабилност.

„ Нека оваа донација биде новиот импулс кон интензивирање и продлабочување на богатата и долгодишна соработка на Општина Новаци со Француската амбасада, Француската алијанса и особено со Општина Коломбел. Во следниот период ќе се насочиме кон поврзување на основните училишта од двете општини во меѓусебна соработка, а секако и продолжување на соработката помеѓу двете збратимени општини. “ рече Калиопа Кривашија Стилиновиќ, конзул на Р.Франција.

Таблите се наменети за  едукација, за сали за состаноци, контролни простории и слично. Работи со помош на компјутер и проектор. На неа може да се пишува, црта, поместува и брише.Како алатка за работа може да се користи прст или било кој друг непрозирен предмет

Примената на интерактивната smart табла во јазичната настава опфаќајќи различни софтверски апликации, претставува доста иновативен и привлечен метод на работа како за учениците така и за наставниците. Со ова ќе се добие нов поглед за начинот на концепирање на наставниот процес со примена на креативни наставни техники за подобро совладување на јазичните вештини во изучувањето на англискиот и францускиот јазик како странски јазици. Исто така, ќе се добијат и одредени практични сознанија, а со цел подобрување на наставата по странски јазици. “ рече Вецко Стојчевски, директор на ОУ „ Славко Лумбарковски “Новаци

Со употребата на интерактивните табли полека се заменуваат класичните што ќе води до конечно исфрлање од употреба на кредата и сунѓерот.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published.

Back to top
Skip to content