Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Изготвен е 5 годишен план за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола, Новаци и Могила

Трите општини од Пелагонискиот регион добија пет годишен план за квалитетот на амбиенталниот воздух. Документот е направен во соработка со локалните самоуправи Битола, Новаци и Могила, интегриран е во националните стратегии за намалување на загадувањето во локалните политики, основа за подготовка на локални стратегии за справување со загадувањето на воздухот, дефинира мерки за намалување на загадувањето кои ќе се имплементираат локално, ќе ја следи ефикасноста на спроведените мерки и ќе биде значаен инструмент на локалната власт за справување со актуелните предизвици.

„Планот за квалитетот на амбиенталниот воздух ќе биде од особена важност за Општина Новаци како водич во понатамошните активности на локалната самоуправа во поглед на решавање на проблемите со загадувањето на воздухот и воопшто на животна средина на нашата територија, спроведување на активностите кои се планирани во програмата за животна средина за 2022 година. Една од мерките кои сакам да ја посочам токму во овој дел е мерката која ја воведовме за оваа година а која беше мое предизборно ветување а тоа е субвенциите за жителите на Општина Новаци за изградба на термоизолациони фасади за чија чец издвоивме 3 милиони денари буџетски пари.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Планот беше презентиран денеска, а изработен е во рамките на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс во прекуграничниот регион“, спроведен од Центар за климатски промени и Министерство за животна средина и просторно планирање. Планот за квалитетот на амбиенталниот воздух е во согласност со националното и европското законодавсво. Пет годишниот план за квалитетот на амбиенталниот воздух е изработен од страна на Технолаб, компанија со 22 годишно искуство во областа на заштитата на животната средина и воздухот.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content