Започна да се гради плоштад кај куќата на Калеш Анѓа и црквата Пресвета Богородица во с. Старавина
Започнавме со градежни активности за изградба на плоштад кај куќата на Калеш Анѓа и црквата Пресвета Богородица во с. Старавина, со цел подобрување на инфраструктурата во мариовскиот крај и зголемена достапност до туристите на природните, културните и историските знаменитости на Општина Новаци.
Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Новаци и Бирото за рамномерен регионален развој.
0 Comments