Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Заеднички проект на дечињата од Новаци, Долина и Хрпеље Козина

Остварена соработка помеѓу центарот за ран детски развој „Бамби“ од Новаци, детската градинка од збратимената словенечка општина Хрпеље Козина и градинката од општина Долина Италија.

„Станува збор за проект  чија цел е мотивирање на дечината да бидат позитивни кон другите деца, едуцурање како да бидат добри едни кон други, да се позапознаат со дечиња од друга земја, друга култура, јазик, вера обичаи и традиција, да научат да ги прифатат другите народи кои се поразлични од нас. Исто така да научат дека иако сме од различни змеји сепак сме еднакви меѓу себе со исти права а сепак можеме да бидеме добри пријатели меѓу себе“. Вели градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Општина Новаци е збратимена општина со Хрпеље Козина веќе неколку години и има одлични контакти и соработка која веќе продолжува и со соработка помеѓу други инситуции .

Back to top
Skip to content