Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Заедничка соработка помеѓу Општина Новаци и младите од Битола и Новаци

Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски денеска потпиша Меморандум за соработка со две Здруженија на граѓани основани од млади лица „Младинска граѓанска акција “ од Новаци и „Здружение за заштита од повеќе аспекти – Виктори “ од Битола.

„ Предмет на овај меморандум е меѓусебна соработка, разбирање, размена на искуства и практики со цел заедно подготвување, аплицирање и имплементирање на проекти и заеднички активности кои ќе допринесат до зголемување на капацитетите и човечките ресурси на граѓаните на Општината. Соработката ќе придонесе запознавање и дружење на младите од општините, организирање на маршови,планинарење, чистење и зачувување на природата, едукација на младите на двете општин.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Потписниците на меморандумот ќе соработуваат во заеднички активности кои ќе овозможат подигнување на свеста на младите, промовирање и афирмирање прашања поврзани со младите, нивната информираност и зголемено вклучување на локалното ниво.

„Здружение за заштита од повеќе аспекти – Виктори “ од Битола на градоначалникот Стевановски му врачи благодарница за успешен почеток на заедничката соработка.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published.

Back to top
Skip to content