Жителите на с.Горно Агларци добиваат нов уреден простор
Започнаа градежните активности околу реконструкцијата на постоечкиот бунар во село Горно Агларци. Покрај новиот бунар жителите ќе добијат и партерно уредување со модерно хортикултурно уреден простор.
„Започнаа подготвителните работи околу расчистување на теренот и започнување на градежните работи. Просторот ќе биде и партерно уреден. Вкупната инвестиција е во вредност од 480.000 денари а средства се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање по договор за обезбедување средства од фосилни горива.“ рече Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.
Изведувач е фирмата ДООЕЛ СКИПИ -Битола
0 Comments