Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Доделени сертификати за учесниците во проектот „ Зајакнување на луѓето од Пелагонија“

На покана од здружението за унапредување на демократските процеси ,,Про Локал,, во рамки на проектот Зајакнување на луѓето од Пелагонија, кој е финансиран од Кралството Холандија и програмата МАТРА, програма за социјална трансформација. Ми претставуваше особена чест што зедов учество на завршниот ден од обуката која ќе придонесе за зајакнување на демократските процеси на локално и регионално ново. На настанот во присуство на неговата Екселенција заменикот Амбасадор на Кралството Холандија г-дин Роберт Декер, зедов збор и го нагласив значењето на младите луѓе кон креирањето на суштински политики кои ќе допринесат кон градење на поквалитетен живот за нашите општини со што би ги запреле негативните демогравски трендови кои ни се случуваат денес, особено во руралните општини. На обуката 6 млади луѓе од Општина Новаци добија сертификати за успешно завршена обука.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content