Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Денот на планетата одбележан и во општина Новаци

Во целиот свет се одбележа Денот на Планетата Земја 22 април.
Со разни акции многу здруженија и организации се обидоа уште еднаш да упатат апел за важноста на чистата околина.
Денес по тој повод и во општина Новаци се спроведе еко-акција иницирана од страна на невладиното здружение НОВАК 2014 од Новаци .Во акцијата се вклучија членовите од здружението како и ученици од О У “Славко Лумбарковски”.Акцијата наиде на поддршка од локалната самоуправа ,советот и од управата на основното училиште .
Во акцијата беше исчистен комплексот БАМБИ,ПЗУ Д-р Даскал, дел од детските игралишта ,тротоарите ,дворот на општината ,комплексот спортска сала,стадионот ,училишниот двор како и други јавни површини.

“Акцијата беше со мотив и заедничко остварување на целта за почиста и поубава околина.
Воедно оваа акција придонесува и за подигнување на свеста на граѓаните за нивна лична одговорност за чистотата и уреденоста на општината истакна претседателот на здружението НОВАК2014 -Миле Мицевски.
Акцијата продолжува и на други локации во други населени места.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top