Денови за претставување на опрема за противпожарна заштита
Општина Новаци тргнувајќи од законска обврска, со цел поттикнување превентивно-едукативни мерки за заштита од пожар во месецот за заштита од пожар, започнува денови за претставување на противпожарна заштита во пресрет на сезоната на шумски пожари, со една цел презентација на своите капацитети, како човечки и материјални ресурси претставени преку доброволната противпожарна единица и соработката со соседните доброволни противпожарни друштва, потоа добиената донација на опрема Операција Флориан. Главна цел е да се едуцираат и информираат граѓаните пред се за постапките,причините за настанување на пожар на отворен простор како и последиците од шумски пожари. Активностите ќе започнат од изложбата на ресурсите пред општината потоа преку најмладите со посета на сите подрачни училишта,преку месните заедници до граѓаните со завршена вежба симулација на интервенции каде активности ќе изведи доброволната противпожарна единица која има стекнато вештини.


0 Comments