Делегацијата од збратимена општина Дуги Рат од Р. Хрватска,во Општина Новаци
Денес во Општина Новаци ја примивме делегацијата од нашата долгогодишна збратимена општина Дуги Рат од Р. Хрватска, предводена од градоначалникот Тончи Баук, членови на Советот и општинската администрација.
Разменивме искуства околу функционирањето на локалните самоуправи во актуелните економски и политички услови, работењето на тековните проекти, разменивме меѓусебни искуства и ги разгледавме можностите за заедничка реализација на европски проекти.
Делегацијата од Дуги Рат ја посети Општина Битола и оствари средба со градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на Советот Габриела Илиевска.
0 Comments