Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Дарко Талевски го пронајде паричето во Центарот за ран детски развој „Бамби “

DSC_4775

Дарко Tалевски  е овогодинешното најсреќно дете во Центарот за ран детски развој „Бамби“ од Новаци. Од дваесеттината дечиња кои ги вртеа мазничињата тој го пронајде она во кое имаше паричка.Ова е василичарска традиција во Бамби за Православна Нова година на која покрај едукаторскиот кадар присуствуваше и градоначалникот  на општина Новаци, Лазар Котевски.  

„ Ваквите празнувања се доста важни за децата бидејќи на некој начин значат не само нивно запознавање со традицијата туку и продолжување на вековните обичаи.Ова е особено важно за да не се заборават и да се продолжат ваквите стари христијански обичаи.На Дарко му посакувам многу здравје, среќа и успех да го следи цела 2016 година.“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Верските празнувања и обичаите се дел од едукативниот развој на децата во Центарот „Бамби“ во општина Новаци.

Во овие краеви спроти 14 јануари, за ручек, мазник со паричка се врти во сите православни куќи. Се јадат домашни колбаси, се игра комар и се пеат староградски песни до рано изутрина.За ручек, мазник со паричка ќе се врти во многу домаќинства, а потоа ќе се подели на делови колку што има членови во семејството, еден за господ и плус еден за куќата.

Back to top
Skip to content