Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалниците Гулевска и Кузманоски на онлајн средба со младите од Интерактив

Фотографија на Interaktiv Bitola / Интерактив Битола.

Здружението за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ – Битола во рамките на проектот: „Примена на ИТ алатки за комуникација во функција на психо-социјална поддршка и мотивација на младите луѓе во руралните средини во Пелагонискиот регион во време на Ковид 19“ ја реализира интерактивната онлајн работилница на тема: Стратегии за справување со стресот во време на пандемија и изолација“ која ја одржа м-р Марија Младеновска – Димитровска, психолог, магистер на клиничка и советодавна психологија.

📌На работилницата, учесниците имаа можност да дознаат како да се справиме со стресот поради пандемијата и изолацијата. Дополнително беа споделени и совети како да си помогнеме самите себе си и на другите во изолација. Исто така, учесниците се информираа за стратегиите кои ги користиме за справување со стресот во изолацијата како што се стратегиите на самоподдршка и психосоцијална
поддршка на другите.

👉Во рамките на оваа работилница учество зеде и градоначалникот на Општина Новаци, г-дин Љубе Кузманоски, кој пред учесниците објасна кои активности ги превзема Општина Новаци со почетокот на пандемијата на коронавирусот, а исто така разговаравме како се одвива онлајн наставата во основното училиште „Славко Лумбарковски“ во Општина Новаци.

Интерактив – Битола е корсник на финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

Civica Mobilitas #ЦивикаМобилитас #СедиДома #УчиОнлајн #Covid19

Back to top
Skip to content