Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот Стевановски на средба со претставници на UN WOMEN

Воведување на родовиот аспект во локалните политики, родова еднаквост при буџетирањето, родово сензитивни политики во време на пандемија и ранливи категории се само дел од темите за кои се разговараше на денешната средба помеѓу градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски и претставниците на UN WOMEN Телото на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените.

„Родовата еднаквост е особено значајна и доста актуелна тема во изминатите години особено заради тоа што ние како држава пред се а потоа и како локална самоуправа мораме да ги усогласиме и примениме законските ЕУ регулативи кои се однесуваат на оваа проблематика. Токму затоа имаме вакви партнерски организации кои ќе ни помогнат со техничка и експертска поддршка за спроведување на националните и меѓународните обврски во однос на родовата еднаквост, во согласност со националните законски и стратешки документи. “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Oпштина Новаци.

UN WOMEN како тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените на Општина Новаци ќе им обезбеди техничка и експертска поддршка во насока на зајакнување на капацитетите на администрацијата и советниците за родово одговорно креирање политики и буџет.

„ Како партнерски организации ние ќе им даваме поддршка експертска и техничка а партнерот ќе ги инкорпорира принципите на родова еднаквост во своите стратешки планови и буџети, ќе го инкорпорира начелото за еднакви можности на жените и мажите, ќе ги надгледува ефектите и влијанието кое нивните програми го имаат врз жените и мажите и ќе поднесува годишни извештаи за прогресот.Ние како организација пак ќе посредуваме во процесот на комуникација, ќе формираме меѓу секторска работна група за родова еднаквост , ќе развиваме последователни интервенции и родово специфични мерки, градење на капацитетите на советот и администрацијата и сл.“ рече Ивона Паунович Бишевац, национална координаторка на програмата за родово одговорно буџетирање.

Општина Новаци е потписник на Меморандум за разбирање со UN WOMEN во рамките на проектот „Промоција на родово одговорни политики и буџети кон транспарентно, инклузивно и одговорно управување“ а тоа значи постигнување на одредени цели и тоа: воведување на родовата перспектива во локалните програми, нивно спроведување и следење преку примена на родово буџетирање како алатка, јакнеење на капацитетите на општинската администрација и општинските совети за исполнување на заложбите во согласност со ЗЕМЖМ, НСРЕ и НАПРЕ, унапредување на процесите за родово одговорно буџетирање и планирање на локално ниво, унапредување на собирањето на родово разделени податоци, подобрување на состојбата на жените и мажите на локално ниво, осигурување дека алатките за вклучување и консултација на граѓаните во процесите на одлучување на локално ниво ги земаат подеднакво предвид потребите на жените и мажите и размена на искуства на државно и регионално ниво и учење од добри практики за воведување на РОБ воспоставени во други земји.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published.

Back to top
Skip to content