Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Годишнина од загинувањето на тројцата бранители кај Гајре,Шипковица

Делегација на општина Новаци, по повод 17 годишнината од загинувањето на тројцата бранители кои животот го загубија кај Гајре, Шипковица во конфликтот во 2001 година , положи цвеќе на гробот на загинатиот бранител Пеце Матичевски родум од Новаци.

„Се навршија 17 години од загинувањето на бранителите во конфликтот  во 2001 година, кога згаснаа младите животи на Пеце Матичевски,Влатко Миленковски и Благојче Силјановски. По тој повод денеска положивме свежо цвеќе на вечното почивалиште на нашиот сожител и им оддадовме почит на неговото семејство. “ рече Љубе Кузманоски,градоначалник на општина Новаци

Во чест на бранителите Влатко, Благојче и Пеце ,подрачното министерство за одбрана и организацијата на резервни офицери на РМ неколку години наназад  организираше  бројни манифестации во знак на сеќавање и почит на жртвите .

 

„ Сметаме дека на овој ден мора да положиме цвеќе на спомен обележјата затоа што ова е еден вид почит со цел да не заборавиме никогаш и  да се сетиме на животот и делото на овие бранители кои загинаа за ние денес да живееме слободно .Општина Новаци секоја година го одбележува овој тажен јубилеј, а од пред неколку години организираме и меморијален турнир во мал фудбал четврт по ред кој го носи името на херојот Пеце Матичевски. Овој турнир ќе продолжи да се организира и понатаму во чест на делото и животот на овој наш сограѓанин. “ вели Кузманоски.

 

Пред неколку години на гробишата во Новаци Организацијата на резервни офицери на РМ постави јарбол со знамето на РМ по повод годишнината од  загинувањето на Пеце Матичевски. Општина Новаци минатата година ја именуваше новата спортска сала Пеце Мтичевски а веќе четврта години по ред организира меморијален турнир во мал фудбал во чест на паднатиот херој кој е родум од Новаци.

Back to top
Skip to content