Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Во тек е деминирање на патеката кај Нешева тумба, Лаките

100_0705

Општина Новаци со пари од ЕУ фондовите во моментот бврши деминирање на патеката Нешева тумба, Лаките која се наоѓа во реонот на Кајмакчалан. Активноста започна на почетокот на месец јуни а се очекува да заврши до крајот на месец јуни или почетокот на јули.

„ На територијата на општина Новаци има многу неексплодирани убојни средства од Балканските војни и Прва светска војна,особено на оваа локација кај Кајмакчалан каде врвела линијата на т.н Солунски фронт. Во моментот се врши детектирање на истите и нивно отстранување од теренот а потоа и уништување или депонирање во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување. “  вели Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Деминирањето се врши на местото каде ќе се обележува туристичка патека заради безбедност на туристите.

100_0700

„Досега се најдени околу дваесеттина неексплодирани убојни средства и тоа најчесто артилериски гранати, рачни и авио  бомби. Ваквите НУС имаат голема експлозивност и убиственост па затоа претставуваат закана и треба да се отстранат.Посебно голема опасност претставуваат при појава на шумски пожари па заради нивното експлодирање од топлината се оневозможува активирање на човечкиот фактор при гаснење. “ вели Горѓи Стефановски, деминер.

Патеката Нешева тумба – лаките се наоѓа на југо-исток на 53 км од Новаци на надморска висина од 1100 метри во должина од 3200 метри и ширина од 10 метри или вкупна површина од 32 000 метри квадратни.

Back to top
Skip to content