ВО ОПШТИНА НОВАЦИ ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЕВРОПА СО ИТАЛИЈАНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА
По повод Денот на Европа денеска во Општина Новаци имавме делегација од Република Италија, поточно претставници од здружението Armata d ’Oriente .
Заеднички во знак на помирување и сеќавање на жртвите од Прва светска војна кои се бореле и загинале на Македонскиот фронт, го посетивме споменикот во с.Брод и положивме свежо цвеќе.
Разменивме идеи за можна соработка во насока на развој на меморијалниот туризам во Општина Новаци.
0 Comments