Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ВО ДОБРОМИРИ ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА РЕКОНСТРУИРАНОТО УЧИЛИШТЕ

По завршувањето на реконструкцијата денеска заедно со учениците, наставниците и родителите, во присуство на градоначалникот Стевановски, свечено беше пуштено во употреба и беа отворени вратите за учениците, подрачното основно училиште во село Добромири.

,,Денес го пуштивме во употреба комплетно реконструираното подрачно училиште во Добромири. Исто така набавивме и ја дониравме за овие дечиња смарт таблата која ќе им овозможи да ја следат наставата на модерен начин. Инвестициите во образованието ќе продолжат и понатаму. Имаме аплицирано со проект за изградба на термоизолациона фасада за основното училиште ОУ ,,Славко Лумбарковски”во Новаци до Јапонска амбасада и се надевам дека истиот ќе биде одобрен до крајот на оваа година.” рече Стевче Стевановски,градоначалник на Општина Новаци.

Реконструкцијата на подрачното училиште во Добромири опфаќа: препокривање на кров и ентериерна санација, адаптација на санитарни јазли, водовод, канализација, санитарии, систем за централно греење, соларен систем за загревање, машинство и сл. со вкупна вредност од 5.170.688,00 денари со средства обезбедени од МОН.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content