Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Водостојот на Црна Река е зголемен, но опасност од поплави нема

И покрај зголемувањето на водостојот на Црна Река, како последица од топењето на снегот, опасност од излевање на водата врз земјоделското земјиште – нема. Ова пред се’ се должи на навременото санирање на критичните делови во должина од 30 киломтери по течението на Реката.

Кризниот штаб континуирано ја следи состојбата во целиот регион каде  во 2015-та се случија катастрофалните поплави. Оттогаш наваму, во пелагониско, санирани се двата одводни канали: “Блато” и “Рибник” во вкупна должина од 12 километри, а во план е да се санираат и 17 км од Сенокошкиот канал.
Back to top
Skip to content