Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Водата за пиење во Старавина , Градешница , Зовиќ и Будимирци е исправна

Резултатите од анализите направени на водата за пиење од водоснабтителниот систем-селски водовод во селата с.Старавина, с.Градешница, с.Зовиќ и с.Будимирци покажаа дека водата е ИСПРАВНА за пиење.

Резултатите од испитувањата направени од старана на Центарот за Јавно Здравје ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедбост и квалитет на водата за пиење што се става крај на ширењето дезинформации дека водата за пиење е неисправна.

Од локалната самоуправа упатуваат апел до месното население од четирите села да не подлегнуваат на дезинформациите дека пијат неисправна вода.

Во соработка со Центарот за јавно здравје континуирано се прават анализи за исправноста на водата од сите водоснабдителни системи и доколку има било какви индикации за неисправност во квалитетот на водата за пиење , месното насление ќе биде благовремено известено .

Уште еднаш потенцираме дека водата за пиење од водоснабдителните системи -селски водоводи од с.Градешница , с.Старавина , с.Зовиќ и с.Будимирци е ИСПРАВНА и ОДГОВАРА на испитаните параметри.

Општина Новаци

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top