Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ВЛОЖУВАМЕ ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ПРАВИЛЕН И КВАЛИТЕТЕН РАЗВОЈ НА ДЕЦАТА ОД ОПШТИНА НОВАЦИ

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Децата се нашето најголемо богатство и тие се темел на нашата иднина.

Вложуваме во подобрување на условите за правилен и квалитетен развој на децата од општина Новаци .

Во тек е монтирање на котелот за парно со комплетна инсталација на парно греење од алтернативни извори на енергија,односно биомаса и котлара во градинката “БАМБИ” во с.Новаци.
Котелот е обезбеден преку проектот “Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини” финансиран од Интерег ИПА Програмата за погранична соработка меѓу Република Грција и Република Северна Македонија 2014-2020г.

Комплетно ја оспособивме детската градинка “БАМБИ” за која во целост е завршена административната постапка за нејзино отворање, но поради кризата со коронавирусот отворањето ќе доцни до моментот кога ќе има реални услови за нејзино непречено функционирање.

Посветено работиме за обезбедување на подобри услови и грижа за нашите деца и вложуваме за подобра иднина.

#СеГрижимеЗаСите

 

Back to top