Вецко Стојчевски новоназначен директор на ООУ „ Славко Лумбарковски“ во Новаци
Денеска во мојот кабинет го примив новоназначениот директор на ООУ „ Славко Лумбарковски“ во Новаци, Вецко Стојчевски.
Му посакав многу успех во работата, голем број на реализирани проекти и одговорно работење.
Вецко Стојчевски е професор по англиски јазик, долгогодишен наставник во училиштето, член на Асоцијацијата на наставници по англиски јазик и книжевност, учесник на многубројни работилници и обуки организирани од БРО, голем љубител на планината и природата.
0 Comments